Економско-социјалниот совет на ССМ на денешната седница, го разгледа концептот на петиот пакет економски мерки како помош и поддршка на стопанството и граѓаните.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ги изнесе предлозите на ССМ пред останатите социјални партнери и уште ,еднаш истакна дека со петтиот пакет мерки задолжително мора да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати за да не бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.
Предлози кои ССМ ги достави до Владата е:
- Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување на средства за плата на работниците.ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците.
- Работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.
- ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон.
- Насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на Државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.