Малите промени во вашата исхрана можат да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината без да трошите пари на лекови.

Ако не можете или не сакате да набавите Оземпик или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабете, еден доктор споделува осум едноставни совети кои можат да ги „имитираат“ ефектите на лековите GLP-1, сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за „The Conversation“ во која објаснува како одредени навики во исхраната можат да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10% повеќе од лекови како Оземпик. Покрај тоа, ваквите навики можат да помогнат во одржувањето на здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побрзо наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не го прескокнувајте појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените кои јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние кои вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додадете влакна во секој оброк

Влакната се природен засилувач на хормонот GLP-1 број еден. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабете.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора)
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав
Јатки плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед
Препорачан дневен внес на растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додадете незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикирики.

Се препорачува 15–20% од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие можат да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниов редослед: прво протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – прво месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук, за разлика од пире.

Значи – помалку смутија, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу брзо, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба, бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана, можете природно да активирате хормони кои го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Текстот Осум едноставни трикови за исхрана кои го имитираат ефектот на Оземпик е превземен од МАКФАКС.