Тие не се ладни. Тие се само затворени. Овие хороскопски знаци честопати изгледаат далечни или незаинтересирани, но вистината е сосема спротивна.
Нивните емоции се длабоки, сложени и ретко се искажуваат. Кога не ги разбираат, лесно можат да се помешаат со рамнодушност. Всушност, тие чувствуваат повеќе отколку што би рекол кој било.
Кои се овие хороскопски знаци?
Девица
Девиците сакаат да анализираат, но емоциите не се безбедно место за нив. Кога им е важно, тие стануваат грижливи, но не зборуваат за тоа, туку го покажуваат тоа преку мали нешта. Кога ќе ги прашате како се, тие често велат „добро“, иако тоа ретко значи она што вие мислите.
Шкорпија
Шкорпиите длабоко чувствуваат, но молчат за тоа. Не затоа што не им е гајле, туку затоа што премногу им е гајле. Тие се плашат од отфрлање, губење на контрола и разоткривање. Нивното молчење често е одбрана, а не рамнодушност.
Водолија
Водолиите не се без емоции, тие едноставно не знаат како да ги објаснат. Кога се збунети од сопствените чувства, се повлекуваат.
Се чувствуваат побезбедно кога зборуваат за идеи отколку за своите срца. Но, кога се отвораат, тоа е знак за најголемата доверба што можат да ја дадат.
Текстот Три хороскопски знаци кријат планина од емоции во себе, но никогаш нема да зборуваат за тоа е превземен од МАКФАКС.