Европската унија најостро го осуди денеска воениот удар во Мјанмар и повика на итна обнова на легитимната власт во земјата.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел побара во името на ЕУ веднаш да се ослободат претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт и премиерката Аунг Сан Су Чи, како и останатите уапсени високи функционери.

– Станува збор за очевидно кршење на Уставот на земјата и обид на војската да ја поништи волјата на народот на Мјанмар и неговата силна поврзаност за демократијата изразена на парламентарните избори во ноември 2020 година. ЕУ повикува на итна обнова на легитимната цивилна влада во Мјанмар и брзо отворање на Парламентот со учество на сите избрани претставници, како што е утврдено според Уставот, нагласи Борел во писмено соопштение.

Тој додаде дека ЕУ е во контакт со меѓународните партнери, со цел да се обезбеди координиран одговор на случувањата во Мјанмар.

Превратот во Мјанмар претходно го осуди и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел