Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство. Тие беа пречекани во Лондон од кралот Чарлс и кралицата Камила, како и од принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Првата дама на Франција и принцезата од Велс привлекоа внимание со своите комбинации за оваа посебна пригода. Кога зборуваме за стајлингот на Брижит Макрон, мора да нагласиме дека тој се карактеризира со едноставност и елеганција.
Така беше и овој пат, кога одлучи да облече бел фустан со златни детали што ги следеа контурите на нејзиното тело. Својот стајлинг го надополни со беж чевли и рачно изработена чанта украсена со цветни мотиви.
Што се однесува до Кејт Мидлтон, таа се одлучи за комбинација во пудра розова боја, која се состои од струкирано сако и здолниште од тил.
Интересно е што нејзината облека е дизајнирана од француската модна куќа „Диор“, со која принцезата од Велс сакаше да им оддаде почит на своите гости.
Таа го надополни својот аутфит со високи потпетици од брендот „Gianvitto Rossi“ и шапка. Бисерна огрлица и обетки го надополнија нежниот изглед.
Текстот (Фото) Мртва трка меѓу Кејт Мидлтон и Брижит Макрон: не се знае која е подобро облечена е превземен од МАКФАКС.