Насер Зибери, новоизбраниот народен правобранител даде свечена изјава во Собранието, пред претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Тој на оваа функција беше избран минатата недела, а неговиот избор предизвика бурни реакции особено кај опозициската коалиција Алијанса за Албанците/Алтернатива.

Како што е познато, во предизборниот период Зибери беше кандидат на ДУИ за премиер. Но, откако не успеа идејата за ова, подоцна истата партија го предложи за Омбудсман. Токму поради овие причини Алијанса за Албанците/Алтернатива бурно реагираше тврдејќи дека за народен правобранител не треба да биде партиски човек, како што е Насер Зибери.

Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше народен правобранител 16 години. Насер Зибери, кој долги години беше пратеник во Собранието, а потоа и нотар, на последните парламентарни избори беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец.

Зибери беше избран на 25 минатиот месец, со 61 глас ЗА.