Пратеникот Мартин Костовски, од редовите на СДСМ, а кој е од Куманово, ги кани кумановци да патуваат со него секое утро до Скопје. Како што напиша тој на социјалните мрежи, секое утро ќе застанува во близина на Основниот суд во Куманово или Општата болница, па секој оној кој има потреба да патува до главниот град тоа може да го стори со него. Тоа ќе го прави без никаков надоместок.
Вели дека е време со личен пример да покажат дека се на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот.
Неговата идеја е граѓаните да бидат корисници на овој превоз од причина што, како што вели, тие учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците (преку плаќање на даноци).