Во селото Лабуништа, Струшко, се случи сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници.

Едниот управувал мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, а вториот – електричен тротинет. Двајцата се  од Лабуништа, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид.

Текстот Двајца малолетници од Лабуништа направија сообраќајка, едниот возел мотор, другиот тротинет е превземен од МАКФАКС.