Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани.

Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.

По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Претрес во дом на полицаец од Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани е превземен од МАКФАКС.