„Тоа не е толку голем проблем за нас, колку што е разочарување. За мене посебно е разочарување. Не сум зборувал со никој од администрацијата на Бајден за овој проблем и не ја знам нивната позиција. Верувам дека во интерес на Бугарија е таа да работи за каузата Република Северна Македонија да дојде до членство во ЕУ.“, вели поранешниот амбасадор на САД во Бугарија Џејмс Пардју во интервју за Бугарското национално радио, како одговор на прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон и дали Бугарија може да очекува притисок од страна на САД во однос на својата позиција.
Во интервјуто за БНР Пардју додава дека Р (С) Македонија е суверена земја и веќе не треба да биде малтретирана по решавањето на спорот за името со Грција. Според поранешниот американски амбасадор во Бугарија, на двете земји повеќе им прилега да бидат блиски сојузници, отколку да се караат за историјата. „Поважни се денешницата и иднината и не толку минатото“, вели во интервјуто за БНР Пардју.