Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео.
Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна состојба.
Случајот нема индиции за насилство, туку се работи за несреќен пад.
Текстот Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба е превземен од МАКФАКС.