Пропалестински активисти упаднаа во воздухопловната база РАФ Бриз Нортон и испрскаа два воени авиони со црвена боја. Снимките објавени на веб-страницата на „Палестинска акција“ покажуваат две лица во воздухопловната база во Оксфордшир.

Едно од лицата вози скутер до танкер за полнење гориво во воздух „Ербас Војаџер“ и се чини дека прска боја во неговиот млазен мотор. „Палестинска акција“ соопшти дека авионите за полнење гориво биле „исклучени од употреба“, додека активистите успеале да го „избегнат обезбедувањето и апсење“.

Британското Министерство за одбрана остро го осуди „вандализмот врз имотот на Кралските воздухопловни сили“ и изјави дека тесно соработува со полицијата што го истражува инцидентот.

„Палестинската акција“ е вклучена во слични активности уште од почетокот на војната во Газа, а нејзините акции првенствено се насочени кон компаниите за оружје. Во мај, групата ја презеде одговорноста за боењето со спреј на американски воен авион во Ирска.

Текстот (Видео) Пропалестински активисти упаднаа во британска база, велат дека оштетиле два авиона е превземен од МАКФАКС.