Иран ја обвини МААЕ, тело за нуклеарна енергија на Обединетите нации, дека дејствува како „партнер“ во, како што ја нарече израелската агресивна војна.

Меѓународната агенција за атомска енергија, во извештајот објавен пред почетокот на иранско-израелската војна, изрази жалење поради несоработката на Техеран во следењето на почитувањето на неговите обврски во однос на нуклеарната програма.

„Го изневеривте режимот за неширење на нуклеарното оружје; ја направивте МААЕ партнер во оваа неправедна агресивна војна“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Бакаи во пораката до шефот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.

Во извештајот што го виде АФП кон крајот на мај, МААЕ забележа дека „Иран постојано или не одговорил или не дал технички веродостојни одговори на прашањата на агенцијата и ги „исчистил“ областите, попречувајќи ги активностите за верификација на агенцијата на три непријавени локации.

На 12 јуни, бордот на директори на агенцијата усвои резолуција со која се осудува Иран за „непочитување“ на неговите нуклеарни обврски, која ја подготвија Лондон, Париз и Берлин во соработка со Вашингтон.

Пред гласањето на телото, Иран се закани дека ќе ја намали соработката со МААЕ доколку резолуцијата биде усвоена.

Израелската војска во четвртокот извести дека во текот на ноќта Израел извршил воздушен напад врз иранскиот реактор за тешка вода во областа Арак и го погодил објектот Натанц, за кој тврди дека се користи за развој на нуклеарно оружје, објави израелската војска.

Текстот Иран: Агенцијата на ОН е партнер во израелската агресија е превземен од МАКФАКС.