Ако некогаш сте нарачале нешто што не ви било потребно на полноќ само затоа што сте добиле купон од 10 проценти попуст, не грижете се, не сте сами. Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да штедат. Нивниот паричник е секогаш подготвен за акција, а штедењето им е здодевен збор од финансиски совети кои никогаш не ги прочитале.

Лав

Лавот не купува, туку инвестира во својот бренд. Без разлика дали се работи за најскапата крема за лице, билети за ВИП настани или трето гламурозно палто, еден Лав ќе ви каже: „Но, тоа е инвестиција во мене“. И тешко е да му противречиш кога изгледа како насловна страница на списание.

Близнаци

Два лика во еден, и двајцата трошат. Импулсивни и љубопитни, Близнаците купуваат се што им изгледа интересно во тој момент. Денес е блендер, утре телевизор… За нив животот е шопинг авантура!

Риби

Емотивните и романтични Риби често трошат пари на подароци, ситници кои ги прават среќни, уметност и се што носи малку душа. Заштеда за стан? Досадно. Да купите слика? Веднаш.

Стрелец

За нив, штедењето е ограничување на слободата. А слободата им е религија. Ако треба да изберат помеѓу фонд за итни случаи и авионски билет за Париз, веќе знаат. И никогаш не жалат.

Текстот Постојано купуваат нешто ново – хороскопски знаци што не знаат да штедат е превземен од МАКФАКС.