Иранската револуционерна гарда објави дека во последниот напад врз Израел е употребен нов метод со кој повеќеслојните одбранбени системи на Израел наводно биле принудени да делуваат меѓусебно, објавува Ројтерс.

„Техниките и средствата што се користеле во оваа операција, и покрај сеопфатната поддршка од САД и западните сили, како и поседувањето на најсовремена одбранбена технологија, овозможија успешно и максимално погодување на ракетите врз цели на окупираните територии“, се вели во соопштението.

Во исто време, израелските медиуми објавија дека три лица се убиени во нападите врз централниот дел од земјата, додека десетици се повредени за време на ноќните ракетни напади.

Текстот Иран: Ги принудивме Израелците да пукаат едни кон други е превземен од МАКФАКС.