Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ако има војна меѓу Русија и Европа, нема да има победници.
Путин им рече на новинарите по самитот Русија-Африка дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да постигнат стратешки пораз на Русија и дека е малку веројатно дека ќе успеат во тоа до 2030 година, пренесува РИА Новости.
„Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој нека не го заборави тоа“, рече Путин, според Танјуг.
Третиот самит Русија-Африка, како и економскиот и хуманитарен форум во рамките на тој собир, се одржаа во Москва на 28 и 29 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















