Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер во земјата, е убиен во израелски напад.

Багери е втората висока воена личност за која се знае дека е убиена во невидените израелски напади врз Иран преку ноќ.

Претходно, иранските државни медиуми објавија дека е убиен и генералот Хосеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (IRGC).

Текстот Убиен е висок ирански воен функционер е превземен од МАКФАКС.