Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време кога Американците се обидуваа да го принудат Иран да го запре производството на материјал за нуклеарна бомба.

Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на нападите со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, исто така, даде изјава.

„Вечерва, Израел презеде еднострани дејствија против Иран. Ние не сме вклучени во напади врз Иран и наш главен приоритет е заштитата на американските сили во регионот. Израел нè информираше дека веруваат дека оваа акција е неопходна за негова самоодбрана.

Претседателот Трамп и администрацијата презедоа сите потребни чекори за да ги заштитат нашите сили и остануваат во близок контакт со нашите регионални партнери. Да бидам јасен: Иран не треба да ги таргетира американските интереси или персонал.“

Текстот Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите е превземен од МАКФАКС.