Русија може да ѝ достави 100 милиони вакцини „Спутник ве“ (Спутник V) на Европската унија во вториот квартал од 2021 година, штом заврши основниот дел од масовната вакцинација во Русија, објави рускиот фонд за директни инвестиции на официјалниот профил на Твитер на оваа руска вакцина. Фондот потсетува дека вакцината е веќе регистрирана во 15 земји, дека е поднесено барање за регистрација во ЕУ и се очекува експертскиот процес да започне во февруари.

Светските медиуми проценуваат дека ЕУ е во голем проблем кога станува збор за планираната имунизација на жителите поради неиспорачување на претходно нарачани вакцини од компанијата АстраЗенека, поради што Брисел и управата на таа фармацевтска компанија биле во војна со денови. Дополнително и американскиот фармацевтски гигант, „Фајзер“ најави рестрикции во испораката за Европа.

Прикажи повеќе