Турција добива 3,5 милиони вакцини против COVID-19 како дел од втората фаза од доставата на 10 милиони вакцини од Кина, соопшти Анадолската информативна агенција.
Вакцините се доставени во Истанбул утринава. Министерот за здравство Фахредин Коџа соопшти преку социјалната мрежа Twitter дека доставата на вакцините ќе продолжи согласно графикот за јавни набавки.
Турција потпиша договор со кинескиот произведувач на лекови Sinovac Biotech за купување на 50 милиони дози вакцини, што ќе бидат доволни за третман на 25 милиони луѓе.
Масовната вакцинација во Турција започна на 14 јануари.