Од денеска до 30 април 2021 година, сите лица на кои им е дозволен влез на територијата на Република Бугарија, можат да го направат тоа со доставување документ што покажува негативен резултат на тест за PCR за COVID-19, направен до 72 часа пред пристигнување во земјата, соопштуваат од секторот гранична полиција на бугарското МВР, јавува БГНЕС.
Исклучоци се дозволени за возачите на автобуси кои се занимаваат со меѓународен превоз на патници; возачи на камиони кои вршат меѓународен превоз на стоки при влегување на територијата на Република Бугарија; членови на екипажите на пловни објекти; членовите на екипаж на авион што врши летови од и до аеродроми за јавна употреба на територијата на Република Бугарија и лицата кои се занимаваат со техничкото одржување на авиони; лица кои минуваат транзит низ територијата на Република Бугарија.
Бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочен или продолжен престој на територијата на Република Бугарија и членови на нивните семејства кои нема да достават документ што покажува негативен резултат од PCR-тест за КОВИД-19 до 72 часа пред да влезот во земјата, трева да одат во карантин за период од 10 дена во својот домот или друго место за сместување што лицето го посочило како свое престојувалиште.