Никол Шерцингер синоќа со голем ентузијазам ја доби престижната награда „Тони“ за најдобра актерка во мјузиклот „Sunset Boulevard“.

Наградата „Тони“ се доделува секоја година на еминентни актери од светот на театарот, а пејачката Никол Шерцингер ја доби својата прва златна статуа оваа година. Улогата на Норма Дезмонд во мјузиклот „Sunset Boulevard“ ѝ овозможи да стане „крем де ла крем“ на општеството.

Во овој поглед, синоќа таа гордо прошета по црвениот тепих, со голема насмевка на лицето, за да го земе она што ѝ припаѓа. Таа избра црвена комбинација – од глава до пети, која ја следи линијата на телото.

Како што можете да видите, Никол одлучи да носи фустан со длабок шлиц и светки, а својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, шминка во „голи“ тонови и впечатлив црвен кармин. Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за висока пунџа што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето.

Навистина, таа блесна на црвениот тепих синоќа и никој не може да го негира тоа!

Во 2023 година, Никол даде искрено интервју за списанието „The Glossary“, каде што зборуваше за подемот на нејзината соло кариера како пејачка.

Иако таа достигна голема слава како членка на групата „The Pussycat Dolls“ во 2000-тите, таа верува дека сè уште не го пронашла својот автентичен музички израз.

„Секогаш се чувствував како да ја гребам површината на мојот потенцијал. Се молев толку долго за вистинска претстава – а потоа дојде ова. Тоа беше подарок“, рече Никол за улогата на Норма Дезмонд во мјузиклот „Sunset Boulevard“, додавајќи:

„Многу ми е чест што сум дел од лондонската театарска заедница и се чувствувам како навистина да сум прифатена“.

Текстот Никол Шерцингер во прекрасен црвен фустан ја прими наградата „Тони“ е превземен од МАКФАКС.