Вчера во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност.
К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Приведен скопјанец: поседувал пиротехника без документација е превземен од МАКФАКС.