Пред платото на салата „Расадник“ во Кисела Вода, синоќа започна фестивалот на улична храна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2, уште еден урбан настан кој Скопје го позиционира на мапата на светските street food дестинации.
Фестивалот, кој се одржува со поддршка од Општина Кисела Вода, привлекува голем број посетители кои имаат можност да уживаат во специјалитети од бургери, дополнето со многу дружење, музика и забава.
Овие типови на фестивали се веќе традиција во речиси сите светски метрополи, каде секој главен град има свој автентичен Street Food Festival. Тие претставуваат мост меѓу културите, ја промовираат домашната гастрономија, но и овозможуваат запознавање со вкусовите и обичаите на други земји.
Фестивалот продолжува и вечерва, на истата локација, со почеток во 17 часот, кога посетителите ќе имаат можност да уживаат и во музичка програма – со настап на DJ MatZ и популарниот скопски бенд Southpark.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани да бидат дел од ова урбано доживување под отворено небо.
Текстот Фестивал на улична храна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2 во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.