Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа, рече дека очекува Македонија да биде во првите пет – шест економиии во Европа.

„Па јас тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет- шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три- четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка“, рече Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од годинава да бидеме во првите пет економии во Европа е превземен од МАКФАКС.