ЕУ наскоро ќе ја одобри кандидатурата на Бугарија за прифаќање на еврото уште на 1 јануари 2026 година, со што земјата ќе стане 21-та членка на еврозоната, јавува БГНЕС,  пренесува Трибуна.

По години чекање, неколку официјални лица изјавија за „Политико“ дека Европската Комисија (ЕК) и Европската централна банка (ЕЦБ) најпосле се очекува да дадат одобрение во извештај што ќе биде објавен следната среда.

Приклучувањето на Бугарија кон еврозоната ќе и помогне на земјата да ги стимулира трговските врски со остатокот од блокот, да ги намали трансакциските трошоци и да го зголеми своето влијание во Брисел.

„Членството во еврозоната само ќе го засили суверенитетот на Бугарија, таа ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ“, изјави Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен заменик-премиер на земјата.

Со децении, локалната валута – левот – беше врзан за еврото, но земјата немаше право на глас при донесувањето одлуки на ЕЦБ за монетарната политика, бидејќи не беше членка на сојузот. Ако Бугарија се приклучи кон заедничката валута, како што е планирано за 2026 година, гувернерот на Бугарската народна банка ќе заземе официјално место во Управниот совет на ЕЦБ. Меѓутоа, бидејќи таа ќе биде 13-тата најголема членка на сојузот, со удел од помалку од 1% од бруто-внатрешниот производ, нејзиното влијание во Советот ќе биде ограничено.