ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, соопшти ПОЦ.
Текстот Санкционирани сто непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар во текот на една недела е превземен од МАКФАКС.