Контактите на лицата позитивни на мајмунски сипаници не развиле никакви симптоми на заболување.

Институтот за јавно здраваје информира дека нивни епидемиолози стапиле во комуникација со контактите и тие немаат симптоми, додека позитивните лица се во добра состојба.

Од тука велат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, ниту нови позитивни случаи.

Институтот за јавно здравје денес отвара две нови телефонски линии за информирање за Mpox од кои едната за консултации на граѓани, а втората за консултација на здравствени работници

По двата потврдени случаи, се проценува дека засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.

Текстот Немаат симптоми лицата кои биле во контакт со заразените со мајмунски сипаници е превземен од МАКФАКС.