Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.
Во објава на Фејсбук, тој напиша:
„Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет пред 107.000 наши избирачи и на идеалите за промена. Ти си најдобриот пример за чесно претставување, каде што зборот, ставот и делото одат заедно. Ти си инспирација за младите генерации кои треба да научат дека политиката не само што може, туку и мора да биде чесна. Честитки за твојот интегритет и храброст. На Албанците им се потребни гласови како твојот!“
Пратеничката Мимоза Муса, од своја страна, јавно ја потврди својата посветеност кон политичката мисија со која беше избрана за пратеничка, пишувајќи:
„Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата на над 107 илјади Албанци како пратеничка на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата ВЛЕН. Јас сум пратеничка на Алијансата за Албанците. Довербата што ми ја дадовте нема да ја изневерам. Не сум тука за лични интереси, туку да им служам со достоинство и одговорност на сите гласачи што веруваа во оваа мисија. Промената започна и ние ќе ја продолжиме понатаму.“