Д-р Горан Кунгуловски од клиниката “Жан Митрев“ во емисијата на Телма објасни како бил детектиран британскиот сој во земјава.
Вирусот со секоја негова делба акумулира нови мутации. Но, кога имате мутации пример кои ги прават различни, по склони кон ширење тоа го дефинираме како одреден сој. На светско ниво за ова испитување препораката од ЕУ комисијата и СЗО е барем 5 посто од испитаните тестови да се декодираат. Сега за сега најдобро во ова испитување се Британците.Затоа кај нас е потребно најмалку 5 посто од тестовите да се декодираат. Ние во лабораторијата утврдивме дека позитивниот тест малку се разликува од останатите односно дека еден од гените кои се детектираат од ПЦР тестовите кај овој пациент не се појави бидејќи има мутација на вирусот, објасни Кунгуловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.