Двајца планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата помеѓу Македонија и Косово.

Според информациите на МВР, вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Република Косово  се изгубиле две лица- државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.

Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Текстот Планинари од Германија и од Холандија се изгубиле на границата со Косово е превземен од МАКФАКС.