Кина изјави дека поддржува директен дијалог меѓу Русија и Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека двете држави ќе започнат мировни преговори „веднаш“ по разговорот со Владимир Путин, објави АФП.

„Кина ги поддржува сите напори насочени кон постигнување мир“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, додавајќи дека Пекинг „се надева дека вклучените страни ќе продолжат со дијалогот и преговорите“.

Текстот Кина: Го поддржуваме дијалогот меѓу Русија и Украина е превземен од МАКФАКС.