Полицијата вчера уапси три лица за поседување оружје.

Според информациите на МВР, уапсени е Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и 17 патрони, додека кај С.Р. е пронајден и одземен еден пиштол со рамка, револвер и пушка, кои ги поседувале без соодветна документација.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Претреси во велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени три лица е превземен од МАКФАКС.