Во деновите од изминатиот викенд (17./18.05.) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, соопшти МВР.

Истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл бил санкциониран за неносење на заштитна кацига.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 389 прекршоци во текот на викендот биле за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Биле изречени 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло.

Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Текстот Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење е превземен од МАКФАКС.