Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Адамс на социјалните мрежи изјави дека три од јарболите на бродот биле оштетени синоќа кога бродот удрил во мостот поради механички дефект.

Нуркачи ја истражуваат областа околу мостот како превентивна мерка, соопштија претходно три полициски извори.

Комесарот за транспорт на градот Њујорк, Иданис Родригез, изјави дека раководителот на одделот за мостови е на лице место и дека прелиминарната проценка заклучила дека нема знаци на поголема штета. Адамс рече дека мостот е отворен за сообраќај.

Бродот, со 277 лица на него, се движел кон Исланд.

Да потсетиме дека минатиот месец, хеликоптер за разгледување на градот Њујорк се урна во река, при што загинаа пилотот, директор на познатата компанија „Сименс“ од Шпанија, Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерсе Кампруби Монтал и нивните три малолетни деца.