Косовскиот политиколог и новинар Неџмедин Спахиу смета дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е сличен со односите меѓу Албанија и Косово, која после балканските војни била окупирана од српската војска.
Спахиу вели дека за разлика од Косово, каде муслиманското населние било изложено на истребување, во Македонија српската пропаганда спроведувала силна кампања за асимилација на христијанското население.
„Дедовците на денешните Македонци се сметаа за јужни срби и се присилуваа да ги следат црковните литургии кај српските свештеници“, вели Спахиу во анализа објавена на Скопскиот магазин на албански јазик, Шења.
Тој тврди дека со распаѓањето на Југаславија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ застапувала про-бугарски позиции, но за време на косовската криза, про-српски сили во Македонија, ја преземале партијата од внатре.
Според него, Северна Македонија и Бугарија нема да се обединат, како што нема да се обединат ниту Албанија и Косово, но Софија има интерес Македонија да се оддалечи од српското влијание.
„Македонско-бугарскиот спор е билатернално прашање. Секако, од заострените односи меѓу Северна Македонија и Бугарија профитира Србија, односно, освен Македонците и Бугарите, најмногу губат и Косово и Албанија“, истакнува Спахиу.
Косовскиот аналитичар очекува Албанците во Северна Македонија како и косовската и албанската дипломатија, да ги поддржат политичките сили во Скопје кои се залагат за решавање на македонско-бугарскиот спор.
„Албанците од Македонија треба да бидат добар пример за Македонците дека за да имаш национален идентитет нема потреба да го негираат нивното етничко потекло, ниту заедничката историја со Бугарија, исто како што Косово не го негира заедничкото етничко потекло, ниту заеднилчката историја со Албанија, и покрај фактот дека изградиле посебен национален идентитет“, пишува Спахиу додавајќи дека Србија ќе вложи многу Македонците да се спротивстават на бугарските барања.