По повод Денот на Европа, на Школка, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настанот „Европа низ детските очи“.

Овој настан, ќе се случува в сабота, 10 мај 2025 година, со почеток во 11 часот.

Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности.

Централната програма ќе опфати: Изведба на македонската химна и химната на ЕУ од детскиот хор „Златно славејче“; Интерактивна театарска претстава на тема „Патување низ земјите на ЕУ“; Ди-џеј сет; Детски караоке перформанс; Зумба и танцување за деца (и за родители).

Во паралелната зона ќе бидат организирани едукативни пунктови:

Мали сликари: „Европа низ моите бои“

Квиз-зона: „Колку знаеш за Европа?“

Креативна работилница: Направи си од пластелин свој европски сувенир

Настанот е наменет за деца од училишна и предучилишна возраст, а ќе биде збогатен со аниматори, реквизити и симболични награди, создавајќи вистинска европска атмосфера во срцето на градот.

Текстот Европа низ детските очи – музика, караоке, работилници викендов во градскиот парк во Скопје е превземен од МАКФАКС.