Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа музичко ремек-дело.
Насловот на новата нумера е „Аман“, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН“.
Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа композиција.
Песната беше објавена вчера на сите музички платформи.
„Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!“, вели Антониа.
„Аман“ е првата песна од вториот студиски албум на Антониа, „Жена“.
Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.
Текстот (Видео) Инспирирани од вистинска љубовна приказна, Антониа Гиговска и Роберт Билбилов ја создадоа „Аман“ е превземен од МАКФАКС.