За да го одбележат 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, принцот и принцезата од Велс објавија нова фотографија од неа. Фотографијата ја направила Кејт претходно оваа година. Објавена е на социјалните мрежи на нејзините родители со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.

Многу луѓе забележале во коментарите на социјалните мрежи колку принцезата Шарлот наликува на својот татко, принцот Вилијам.

Објавата брзо собра илјадници лајкови и реакции, и коментари како: „Принцезата Шарлот е копија на принцот Вилијам“, „Шарлот многу личи на Вилијам на оваа фотографија“, „Иста како татко и – таа изгледа исто како него“.

Текстот Новата фотографија од Шарлот ги воодушеви фановите: „Иста како татко и, копија на Вилијам“ е превземен од МАКФАКС.