Рускиот претседател Владимир Путин изрази благодарност до Северна Кореја, нејзиниот лидер Ким Џонг-ун и единиците на Корејската народна армија за нивната помош во ослободувањето на Курската област од украинските формации, според веб-страницата на Кремљ, пренесува Спутник.
„Корејските пријатели дејствуваа од чувство на солидарност, правда и вистинско другарство. Ние тоа го цениме многу и сме искрено благодарни на претседателот на државните работи, другарот Ким Џонг-ун, целото раководство и народот на Северна Кореја“, рече Путин.
Рускиот народ никогаш нема да ја заборави храброста на корејските борци.
„Оддаваме почит на херојството, високото ниво на специјална обука и несебичноста на корејските војници кои ја бранеа нашата татковина рамо до рамо со руските борци како своја“, нагласи претседателот на Русија.
Текстот Путин им се заблагодари на војниците на Северна Кореја е превземен од МАКФАКС.