Полицијата поднесе кривична пријава против И.А.(52) од струшкото село Лабуништа и против А.Џ.(35) од селото Подгорци поради фалсификување исправа и измама.
Од МВР велат дека во текот на 2024 година, со намера да пререгистрираат и присвојат ловечко друштво од Вевчани, пријавените почнале да собираат потписи и изготвиле лажни изјави од лица од околните села, набавиле фалсификувана исправа и печат на непостоечко здружение и фалсификувале потписи на негови членови.
Истите документи, како што информираа од полицијата, без да бидат заведени на нотар, ги приложиле во Централен регистар во Тетово, каде без да се изврши преглед на доставената документација и спротивно на закон, било издадено решение за промена на статутот, по што го пререгистрирале ловечкото друштво.
После тоа, пријавените започнале да управуваат и да издаваат дозволи за лов без печат и потпис.
Текстот Со фалсификати две лица пререгистрирале ловечко друштво, па издавале дозволи за лов без печат и потпис е превземен од МАКФАКС.