Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“.
Украинските воздухопловни сили предупредија на заканата од руски воздушни напади во пограничниот регион Суми, како и во Харков, Запорожје, Доњецк и Днипро.
Експлозии се забележани на повеќе локации, иако засега нема информации за штети или жртви.
Рускиот претседател Владимир Путин на Велигден еднострано прогласи 30-часовен прекин на огнот, кој траеше до полноќ по московско време.
Москва и Киев разменија обвинувања за прекршување на примирјето, а двете страни пријавија масовни напади со беспилотни летала и артилериски напади.
Вашингтон рече дека ќе го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот, а претседателот Володимир Зеленски повеќе пати ја повтори подготвеноста на Украина да ги запре нападите 30 дена во војната.
Но, Путин, кој ја започна руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, не издаде наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот.