Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.