Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска, околу 2:10 часот, привеле 26-годишен маж во скопската населба Шуто Оризари, откако бил пријавен за закани и физички напад врз тројца членови на иста фамилија.
Како што информира МВР, уапсениот А.И. (26) од Скопје, по претходна расправија, упатувал закани со остар предмет и огнено оружје кон Џ.С. (32), неговиот брат и чичко. Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 19 април.
„По пријава поднесена од Џ.С. од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И. на подрачјето на Шуто Оризари. Според пријавеното, лицето се заканувало со остар предмет и огнено оружје, а потоа и физички го нападнало пријавителот со тврд предмет“, соопштија од МВР.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.
Текстот Уапсен 26-годишник кој се заканувал со нож и пиштол, a потоа нападнал со тврд предмет е превземен од МАКФАКС.