Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесуваат информацијата од ТППЕ Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило.

Присутни биле и екипи на итна медицинска помош кои констатирале смрт на лицето со возраст од 78 години.

Текстот Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци е превземен од МАКФАКС.