Синоќа во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.

Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото.

Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 – годишната В.Т., двајцата од Гевгелија.

Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Текстот Пронајдени мигранти од Кина и Авганистан, уапсени двајца криумчари е превземен од МАКФАКС.