Дваесет и осумгодишен Кичевец дивеел низ градот – тој нападнал таксист, потоа во две училишта нападнал ученици и вработени, подоцна се упатил кон болницата во Кичево, каде што го повредил вработениот кој го обезбедувал објектот. На крајот го нападнал и полицаецот кој што го привел.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници го пиведоа Е.З.(28) од Кичево.
На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал неколку ученици и вработени, физички нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Кичевец дивеел низ градот – нападнал ученици, таксист, обезбедувач и полицаец е превземен од МАКФАКС.