Талија Спенсер, член на екипата на филмот It Ends With Us поради кој започна целата драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, ја коментираше нивната врска за време на снимањето.

Спенсер застана на страната на Балдони во шоуто 60 минути Австралија, а таа немаше многу убави зборови за Лајвли. Таа, всушност, рече дека актерката сакала да го искористи Балдони за да ја преземе контролата врз филмот.

„Мислам дека Блејк ја намириса неговата добрина и ја помеша со слабост“, истакна таа.

Таа за Балдони рече дека тој бил еден од ретките режисери со кои соработувала, кој бил љубезен и пристоен. Таа нагласи дека и е жал што филмот го одбележал конфликтот меѓу Џастин и Блејк и дека се надева дека вистината ќе биде откриена.

„Треба да се докаже невиноста на оние кои не се виновни“, заклучи таа.

Да потсетиме дека претходно, друг актер од филмот се сврте против Лајвли. Адам Мондшајн, кој го глумеше доктор Данбар, се осврна на нејзините тврдења дека неговиот пристап за време на снимањето на сцената на пораѓање бил „инвазивен и понижувачки“.

„Мислам дека е непотребно да се каже дека моето искуство со работа со неа беше значително различно од она што таа го опиша во нејзината тужба. Всушност бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали ниту рече дека и е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Се беше целосно професионално“, изјави тој за Дејли Меил.

Текстот (Видео) Жена која работеше со Лајвли ја обвини актерката: „Таа сакаше да го искористи Балдони“ е превземен од МАКФАКС.