Врховниот суд на Велика Британија денес пресуди дека терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошкиот пол според Законот за еднаквост на Велика Британија, со што се исклучуваат трансродовите жени од законската дефиниција за жена.

Судијата, по пресудата, рече дека ова не е „победа за едната страна над другата“, нагласувајќи дека британскиот закон сè уште ги штити трансродовите лица од дискриминација.

Родовата реформа во Велика Британија стана политичко бојно поле во последниве години, особено во Шкотска, според Би-Би-Си.

Шкотскиот парламент го усвои Законот за признавање на полот со 86 гласа „за“ и 39 „против“ во декември 2002 година, во обид да се поедностави процесот во Шкотска за законска промена на полот.

Сепак, британската влада потоа го блокираше нацрт-законот, тврдејќи дека тој ќе влијае на законите за еднаквост низ цела Велика Британија.

Ова предизвика правна битка што заврши до судот во Единбург, каде што беше отфрлен предизвикот за вето на шкотската влада.

Би-Би-Си наведува дека оваа пресуда речиси сигурно ќе има импликации врз политичките партии на ниво на Велика Британија.

Текстот Врховниот суд на Велика Британија: Терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошките жени е превземен од МАКФАКС.