Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ беше главна тема на германските медиуми кога започна врска со популарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој наводно поради неа ја оставил познатата германска манекенка Сара Бранднер.
Сега сите се изненадени од веста дека овој пар се разведува, а иако се уште не објавиле, на нивната љубов наводно и дошол крајот.
За време на нивната децениска љубов тие добија три сина, а нивната бајковита свадба во Венеција привлече големо внимание.
Во 2016 година, Венеција стана центар на светот кога станува збор за оваа двојка, а нивната венчавка беше покриена од повеќе од 200 медиуми.
Кума на Ана беше пливачката Мирослава Најдановски, додека кум на Бастијан беше скијачот Феликс Нојројтер.
Прво организираа граѓанска, а потоа и црковна венчавка еден ден подоцна. Ана блескаше во нереални фустани.
На првиот ден од нејзината венчавка, таа носеше едноставна бела венчаница од дизајнерот Паркер Фарал, која ја купи преку Интернет за 275 евра. Сè на неа беше совршено, од фустанот до пуштената коса и дискретната шминка.
На вториот ден од свадбата Ана носеше елегантна креација на Сузи Тарнер, со долг воз и букет божури.
Како и секогаш, гламурозна, подготвена и елегантна, убавата Ана доминираше во внимателно одбрани креации кои ги воодушевија сите, додека младоженецот блескаше во црн свечен костум.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, парот за венчавката потрошил милион евра, но тоа никогаш не било официјално потврдено.
Текстот Ана Ивановиќ на својата бајковита свадба во Венеција облече два фустана за кои целиот свет и денес зборува е превземен од МАКФАКС.